ПлусИнфо: Пропагандистот на СДСМ ја открива и понудата до Груевски

0
373

Бранко Тричковски, колумнист на Фронтлајн и прва фиданка на пропагандата на СДСМ, на Фејсбук објави повик до Никола Груевски да обезбеди „десетина пратеници” кои ќе гласаат за уставните измени и да ја обедини партијата „на друга идејна основа”.

Тричковски на Груевски интимно му се обраќа со „Никола” и пишува:

„Никола, објаснувањата што ги бараш од Жмицко, ако не се наместени, се разорни не за Жмицко туку за тебе. Кој курац има ти да му се правдаш на една шушумуга од која ти направи лидер. Обратно, Никола, требаше да кажеш, да, јас преговарав со важни личности од Македонија или ќе преговарам за усвојување на уставните промени, затоа што тие ги отвораат европските перспективи на Македонија и дека ќе направиш сѐ не да обезбедиш десетина пратеници од вмро кои ќе гласаат за тој потег, туку дека целата партија ќе ја насочиш кон европскиот пат, значи нема да ја делиш туку ќе ја обединиш само во друга идејна основа. Партијата чека таков човек. Мицко ќе го собориш како црвлива крушка, еден дел од гревовите ќе откупиш и ќе ја натераш нацијата да размисли околу статусот на вмро и твојот статус. Тоа е единствениот пат. Мицко сака да го повтори подвигот на Љупчо, кој ти го заби првиот нож во грбот. Се покажа дека ти си добар со нож во грбот. Но овој убод, ако не е инсцениран, може да биде смртоносен за тебе. Најмалку срамотен. Затоа ти велам: начукај му го ти!”

 

plusinfo.mk