Мајка во Гостивар оставила малолетно дете во куќа, социјалните служби го пренесла во болница

Вчера во 13 часот и 15 минути во СВР Тетово е пријавено дека во куќа на улица „Илинденска“ во Гостивар било оставено само малолетно дете. Според пријавеното, го оставила неговата 39-годишна мајка.

Во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, кои го пријавиле случајот, детето е пренесено во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

Се расчистува и документира случајот.