(ВИДЕО) Најден загинат човек во пожарот во зградата во Хром

0
155

Пожар во стан во петкатна зграда во населбата Хром, пренесува ТВ Телма. Црн дим излегива од прозор на четвртиот кат. Противпожарни екипи во моментов интервенираат во негово гасење. Станарите се евакуирани од објектот.

Еднo лице загина во пожарот што утрово нешто по 9 часот избувна во стан на улица Исаија Мажовски во скопската населба Хром.

Засега нема детали за полот и за идентитетот на загинатото лице, а причините за смртта дополнително ќе се утврдуваат.