На 21.09.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода П.П.(51) од село Плевење, општина Чашка и Т.С.(78) од село Теово, општина Чашка, а во 16.50 часот од слобода бил лишен и Н.Ш.(28) од Велес. По преземени мерки било дојдено до сознание дека П.П. поседува огнено оружје. Во службен разговор со него, П.П. изјавил дека поседува една пушка карабин која била во домот на Н.Ш., кој доброволно ја предал на полициските службеници заедно со неколку куршуми различен калибар. Додека, пак Т.С. на полициските службеници предал една ловечка пушка калибар 16и две воздушни пушки калибар 5,5мм и калибар 4,5мм. Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Related Posts
Ковачевски, Вучиќ и Рама ќе потпишат Договор за заемно признавање дипломи и научни степени
Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе измени и дополнувања…
Недостасуваат уште 4 илади евра за лекување на Дијана
Драги хумани луѓе јас Дијана Т.боледувам од ретка болест Neuromilit Optucus болест која поради нејзината сериозност доведува до заматен вид(губење…
Ковачевски: Во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет – ФРОНТЕКС се потпишува на чист македонски јазик
Премиерот Ковачевски во денешното обраќање до пратениците истакна дека на нашиот европски пат чекориме со една многу значајна придобивка за…