Претседателката на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка со завршен мандат на 29 август и со активирана апанажа продолжува да оди во својата поранешна канцеларија зашто не може да се соочи со фактот дека повеќе не е државен функционер.
За да биде сигурна дека никој нема да и ја земе функцијата, Елизабета продолжува да си ја посетува канцеларијата и функцијата иако тоа не смее да го прави и се изложува на опасност ако овие наводи од луѓе кои ја виделе присутна во Комисијата се докаже дека се точни, јавното обвинителство треба да и поведе кривична постапка. Тоа е истата личност која на ЦО на СДСМ има изјавено дека партијата и е подрага и од фамилијата, па затоа добила ветување од својата партија на власт дека повторно ќе биде избрана за претседателка.
Другите членови на Комисијата со истекот на мандатот престанале да доаѓаат на работа, како што впрочем тоа го правеле и го прават сите бивши функционери во државава.
Но, Собранието се уште не гласало и не се знае како ќе гласа будејќи има повеќе кандидати.