На денешен ден пред точно 80 години (23 септември) 1943 во кичевското село Подвис започнало да работи првото училиште на македонски јазик на ослободена териротија.
Денес се останата само урнатина, зарастена во трње и грмушки, а до таму неможе да се стигне со возило , иако оваа зграда е оддалечена само еден километар од магитралниот пат Кичево -Охрид.
Да не се заборави ова значајно историско место , иако за ннегова ревиталиација одамна културолошки е надвор од плановите на било која гарнитура.
Од тука произлегла легендарната:
“ Деца од сега натаму ќе си учите на вашиот мајчин македонски јазик. И ќе си се пздравуваме на македонски јазик“.
Василко Ристески, с.Подвис 23 септември 1943 година.
porta.mk