Осветен манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево

0
197

Манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, во чија изградба придонесе и Тоше Проески, денеска е осветен во присуство на голем број верници.

Чинот на осветување го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Со новиот фрескоживопис поставен неодамна, овој манастир го добива својот целосен сјај.