More

    МНР: Седум македонски државјани сместени во хотел близу манастирот Бањска, ги чува косовската полиција

    Министерството за надворешни равоти информираме дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи, добиена е информација за седум државјани на Република Македонија, од кои едното од нив дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили.

    „Амбасадата на Македонија во Приштина е во комуникација со преставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани. Во текот на денот, во неколку наврати Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари директна комуникација со Министерката Гервала, и во моментов косовските полициски го обезбедуваат хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интрвју тие да бидат испратени кон дома.

    Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани, сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер“, соопшти МНР.

    извор: МНР

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    overcast clouds
    4.8 ° C
    4.8 °
    4.8 °
    75 %
    3.6kmh
    100 %
    Wed
    6 °
    Thu
    9 °
    Fri
    13 °
    Sat
    15 °
    Sun
    12 °
    spot_imgspot_img