Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар, денеска ги привеле и, во присуство на родители, извршиле службени разговори со тројца малолетници од Скопје поради основано сомнение дека на 28.08.2023 на ул.„Беласица“ во Скопје со закана со остар предмет одзеле пари од малолетник од Скопје.
Како што соопштува МВР, во разговорот тие го признале делото, а обезбеден е и видео материјал.
Од приведените биле одземени предмети поврзани со кривичното дело.
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
извор:МВР