Невообичаени портрети од покемон и Ван Гог во амстердамскиот музеј

Во музејот на Ван Гог во Амстердам е во тек изложба инспирирана од славниот сликар и од – Покемон.

Прикажани се ликовите од компјутерската игра Покемон, т.е. ликови од фантазија, на пример Пикачу со сива капа од филц како онаа што ја носел познатиот сликар. Според музејот, целта на кампањата е да допре до новите генерации, не се работи за рекламирање.

Покемонот беше икона на јапонската визуелна култура – а Ван Гог беше многу заинтересиран за јапонската печатарска уметност. Во првите неколку дена, музејската продавница со сувенири од Покемон беше главната атракција за посетителите. Некои од нив, т.н. „скалпери“,  купиле сувенири во големи количини, за потоа да ги препродаваат на интернет – карти Покемон достигнале цена од 300 долари, обични разгледници – до 50 долари!

 

 

DW