Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце, велат од министерството за правда

0
124

Од Министерството за правда преку соопштение реагираа на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Велат ,инистерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден јасно кажал дека овој закон нема да се носи со европско знаменце и дека лично тој е против можноста од злоупотреба на европското знаме за носење на закони.

Оттаму реагираат дека најголемата опозициска партија заземала став во празно, иако партијата била информирана за сите детали од самиот почеток.

Најавите за напуштање на парламентот од страна на пратниците на ВМРО-ДПМНЕ е гест за поздравување – велат од Министерството за правда.

извор: Министерство за правда