Министерот за правда наместо нервозно да реагира треба наредниот пат прецизно да ги следи говорите и ставовите на Пртеседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение.
Во продолжение истото го пренесуваме во целост:
Никаде не се тврди дека за законот за ослободување на вмешаните Монструм и други криминалци е веќе ставено европско знаменце. Но со оглед на тоа што и за многу други закони тоа е злоупотребено, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека ако тоа се стави на Законот за амнестија следи напуштање на работата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Поважно е министерот за правда да објасни каков договор има за ослободување на криминалци и која е цената за таквиот чекор на владата на Ковачевски.
извор: ВМРО ДПМНЕ