Следуваат преку ден невообичаено високи температури за месец октомври, најавува Попоски

Во Македонија и понатаму продолжува сушниот период и без врнежи. Сепак утре локално и повремено облачноста накратко ќе се зголеми и ќе има услови за сосема слаб и краткотраен дожд, по што продолжува стабилното и сончево време.

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, што значи ќе биде релативно студено, а во Малешевијата тие ќе бидат уште пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 7 степени.

Утре сеуште особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.

Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 10 и 16 степени, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 28 степени.

Во следните денови температурите преку ден ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, шпто значи дека Мини летото и понатаму продолжува кај нас и ќе бидеме под влијание на топла воздушна маса од југ. Но како што погоре напоменавме, утрата ќе бидат релативно студени, и секако доколку наутро излегувате, задолжително со себе да си понесете потопла облека, стои во објавата од метеопрогнозерот Славчо Попоски.