Умејр Муамеди е советник на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска кого го ангажирала за, како што вели тој, 60 илјади денари месечна плата, објави Курир.мк.
Тој до скоро беше нејзин жесток поддржувач чии статуси беа често пренесувани од медиумите блиски до градоначалничката на Град Скопје. Ваквата пропаганда за која се зборува дека се одвојува позамашна сума на пари прокува и се сврти против нејзе.
Советникот Муамеди по напишаната критика против Ахмети со кого Арсовска имаше настан, според неговото лично тврдење бил физички нападнат од член на ДУИ со порака да не пишува повеќе против градоначалничката.
Ноќта довчерашниот советник на Данела ја поминал пред домот на градоначалничката плашејќи се да отиде до својот дом.