SDK.MK: Арсовска ја разреши од функција директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ

Градоначалничката Данела Арсовска ја разреши од функција директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ. Мазнева-Николиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека е разрешена од функцијата, но не знае зошто.

„Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците“, ни изјави Мазнева-Николиќ.

Во претпријатието се појавил новиот в. д. директор Гоце Трајковски, чие назначување за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија и од Град Скопје.

Текстот во целост на: sdk.mk