Усвоени Националните акциски планови од Стратегијата за инклузија на Роми за 2023-2030 година

Владата на Република Северна Македонија ги усвои Националните акциски планови од Стратегијата за инклузија на Роми за 2023-2030година. Одлуката, предложена од Министерството за труд и социјална политика, беше донесена на последната владина седница.

Согласно одлуката, се задолжуваaт Министерство за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство и Министерството за култура да ги координираат и имплементираат Националните акциски планови за вработување и социјална инклузија, граѓанска регистрација, домување, здравство, образование, култура и антициганизам за период 2023-2025 година во согласност со Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 година.

Владата на Република Северна Македонија е фокусирана на градење општество кое обединува и интегрира. Националните акциски планови како и Стратегијата за Ромите во Република Северна Македонија се дел од јавните политики на нашата држава, со цел интеграција и вклучување на сите заедници во општеството по еднакви основи.

извор: Влада