Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди утринава Непал, соопшти Националниот сеизмолошки центар на Непал, пренесе Индија тудеј.
Епицентарот на земјотресот бил во Дадинг, на околу 55 километри западно од главниот град Катманду.
Земјотресот бил на длабочина од 13 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Потресот беше почувствуван и во други области на провинциите Багмати и Гандаки, како и во регионот Делхи.
Непал е 11-та земја најподложна на земјотреси во светот.