СДС и ДУИ сакаат да го продадат МЕПСО на грчко – кинеска фирма? Се спрема ли нов бонбона бизнис?
Во Грција излегле информации во медиуми дека грчкиот електро преносен систем каде 24% сопственост има кинескиот електропренеосен систем во државна соспственост сака да го купи МЕПСО, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Доколку власта се осуди на продажба на МЕПСО тоа ќе значи целосно губење на енергетската независност на Македонија.
СДС и ДУИ беа тие кои ја продадоа ЕСМ на само неколку месеци пред изборите во 2006 година.
СДС и ДУИ се тие чии бонбона бизниси ги чинат граѓаните милиони.
Власта да не влегува во нови авантури, МЕПСО е од стратешко значење за државата и негова продажба не носи никаква полза за Македонија и граѓаните.
извор: ВМРО ДПМНЕ