Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за МИА, на темата околу опременоста и подготвеноста на кадарот на МВР, појасни дека во минатото Одделот за воздухопловни единици при МВР немал можност да учествува или да помогне во гаснењето на пожарите поради тоа што немал опрема.
„Ние сега имаме опрема за 3 хеликоптери, со обучен кадар, кои што учествуваат и кои што оваа година дадоа најголем придонес во гаснењето на пожарите. Тоа е, исто така, опрема која е набавена со лични средства. Еве најавувам сега дека за многу кратко време ќе ја добиеме опремата преку договорот за донација што го направивме во МВР на Р. Словенија и за првпат еден хеликоптер ќе биде опремен со медицинска опрема за транспорт на повредени, болни лица што до сега немало можност да се прави. Така што, ова се фактите!“, истакна Спасовски.
извор:МВР