Стоилковски: Случајот Лотарија е школски пример за криминал на ДУИ, само не за послушникот Јовески и Абази од Зајас!

Наместо по должност да отвори очигледен предмет за Државна Лотарија, ЈО со Љубомир Јовески повторно молчи и се крие, надевајќи се дека ДУИ ќе го донесе Јовески за Уставен судија, а СДС ќе остане уште некој ден на власт,истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение ја пренесувме изјавата во целост:

ЈО со Љубомир Јовески е најголемиот срам за Македонија. ЈО со Јовески наместо да гони криминалци, молкум одобрува криминал, а кога е повикано се крие зад други институции.

Молкум газејќи го правото за случајот Лотарија, ЈО Јовески уште еднаш покажува дека е само и само во функција да не падне владата на ДУИ со СДС.Милионски и милионски скандали и криминалии се поврзани со ДУИ, Ахмети и Груби, а ЈО со Јовески никаде ги нема!

Случајот Лотарија, каде директор најмува од фирма каде е ангажиран член на УО на Лотарија, двајцата од кабинетот на Груби, случајот каде фирма од кланот Зајас за 5 месеци постоење стигнува до 2.6 милиони евра, е класичен школски предмет за Јавен Обвинител

Ама не и за послушникот Јовески и не за Ислам Абази од Зајас.

За нив нема предмет ни за дуќани во Скопје, ни за Соравија, ни за хотел на Шапка, ни за Лотарија, нема предмети за ништо поврзано со ДУИ.

Да потсетам, одговорност од одговорно лице се бара за постапување спротивно на она што е должност, но и за непостапување според должноста.

Наместо нова функција ќе следува лична одговорност за постапување или непостапување!

 

извор: ВМРО ДПМНЕ