Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски освои сребрен медал во Букурешт

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски мораше да се задоволи само со сребрен медал на Г1 турнирот во Букурешт, Романија, откако го откажа настапот во финалето поради повреда на раката.

Георгиевски оствари три убедливи победи со резултат 2-0 во рунди против Белгиецот Мануел Полет, Украинецот Андриј Харбар и Турчинот Емре Кталмиш.

Речиси две рунди Георгиевски се бореше со повредена рака против Кталмиш, но успеа да победи и да се закити со сребрениот медал.

„Овој спортски или олимписки подвиг кој го покажува Дејан Георгиевски ни од блиску не е забележан од како Македонија е самостојна држава, за само два месеци тој од четири настапи на официјални олимписки турнири Г1, освои четири медали, и тоа две златни и две сребрени“, соопшти македонската теквондо федерација.

 

kurir.mk