Македонците се борат за независна Македонска Република – 1926 г.

Весникот „Македонско дело“ во 1926 г. објавил статија за тоа дека дека македонските револуционери по 1919. прифатиле нова стратегија во борбата за слобода преку поврзување на македонскиот народ со другите угнетени балкански народи. Притоа, Македонците решиле да расчистат со „фалс-патриотите“ кои всушност му служеле на бугарскиот цар и го замајувале македонскиот народ, истовремено учествувајќи во угнетувањето кон него, се вели во објавата на ФБ Macedonia : a True Endless Story .

Во продолжение истата ја пренесуваме во целост:

– „Само царските стражари, пљачкаши и убијци во Македонија и Моравско, Т(одор) Александров и ген. (Александар) Протогеров, останаа верни на своите стари господари – подјармувачите на македонскиот и бугарскиот народ”.
Написот говори за водачите на ВМРО – Автономистичка, кои го прифатија, па се откажаа од Мајскиот манифест од 1924. Нив ги нарекуваат „предавници и наемници” поддржани од неколку „фарисеи” во Извршниот комитет на Македонските братства, предводени од Георги Каранџулов.
Ги обвинува дека сите тие подгревале лажна надеж меѓу народот и во емиграцијата, убедувајќи ги дека со пишување меморандуми до Лигата на Народите, таа наводно ќе се заложела за решавање на македонското прашање. Исто така, весникот вели дека „фарисеите” пишувале меморандуми до меѓународни конференции и му наредувале на Тодор Александров да испрати чети за да запалат некое село и предизвикаат колежи (како „во селото Гарван“)*, за потоа да огранизираат демонстрации и на тој начин да ја заинтересираат европската дипломатија за судбината на Македонија.
Колежот во селото Гарван, Радовишко, всушност го извршиле српските окупатори во Македонија. Тоа било одмазда за колежот на Срби – колонисти во Кадрифаково, Светиниколско, извршен по наредба на Александров.
– „И ние денес се прашуваме, каков е резултатот нa нивното досегашно тргување со крвта и солзите на несреќниот македонски народ, што за Македонија направи Лигата на народите, со којашто македонските ‘патриоти’ заспиваат и се будат откако таа постои? Само зло и ништо друго. Затоа што со нејзината Конвенција за доброволно иселување, таа стана причина Македонија да биде исчистена од македонскиот елемент”.
Откако им пропаднале сите напори преземени врз лагата дека наводно се залагаат за автономна, независна Македонија, cтатијата вели дека истите наеднаш почнале да проповедаат зближување на Бугарија со Србија и воспоставување на Југословенска федерација.
– „Чии интереси го диктираат ова – тие на македонскиот народ или на бугарската влада? Каде остана гласната борба за автономна, независна Македонија? Јасно им е на сите дека старите предавници ја продаваат Македонија и ослободителната кауза на Македонскиот народ”.
– „Знамето за слободна и независна Македонија никогаш не било искрено носено од тие „стари агенти на официјална Бугарија во Македонското движење”, кои само тргуваат со него и со крвта на Македонскиот народ. Но чистото и гордо знаме за слободна и независна Македонија носено од великани како Гоце Делчев, Дамјан Груев, Сандански и Димо х. Димов и др., денес не е отстрането и нема да биде отстрането. Македонскиот народ со нови сили го крева чисто и неоцрнето и ќе го крева сѐ повисоко и повисоко, ќе ги организира и подготви своите сили за решителна борба, преку којашто тој во сојуз со сите угнетени народи и класи на Балканот ќе го извојува својот идеал – слободна и независна Македонска република” , заклучува весникот.
ИЗВОР: „Македонско дело”, 25 март 1926, бр. 14, стр. 2 – 3.
ЗАБЕЛЕШКА: „Македонско дело“ е весник пишуван на литературниот јазик што весникарите го изучувале во образовните установи. Ова гласило се издавало во Виена, Австрија, и написите морале да бидат објавени на признат и официјално кодифициран јазик. Тоа, во случајов, е бугарскиот јазик.
Македонскиот јазик тогаш – 1926 г., сѐ уште не е кодифициран и сѐ уште не е меѓународно признат јазик, така што Европејците не би дозволиле да се пишува на некодифициран јазик. Но, напишаното морало да биде разбирливо и за Македонците кои не знаат француски, германски, шпански јазик, итн. Сепак, тнр. бугарски (којшто не е турко-татарски јазик, туку е словенско наречје), е поблизок до македонскиот јазик.
——
Главниот и најистакнат предводник на ВМРО од 1911 до 1924, со сите свои противречности и негативности, e eдна од нaјвпечатливите фигури во македонското револуционерно ослободително движење воопшто.
Bo вpcка со неговиот придонес кон македонското национално дело, има десетици сведоштва и записи дека обичните четници во ВМРО автономистичка, потчинетите нему, но и воопшто македонскиот народ искрено го сметале Тодор Александров, водачот на револуционерите за свој заштитник и посветен борец за независна македонска национална држава и херој на македонската нација. Co caмото тоа што пред нив себеси се претставувал како македонски националист, има одреден придонес кон македонското национално дело. И странските весници така го претставувале пред Европа и светот. Во прилог на сето тоа оди и Мајскиот манифест од 1924 г.
Во однос на револуционерното дело… Бил многу солиден револуционерен тактичар и политичар.
…Но, историјата покажала дека Тодор Александров во најголем дел од својот живот всушност работел и се залагал за велико-бугарската идеја – припојување на Македонија кон бугарската држава и нација.
Да ги видиме фактите за животот и делото на оваа знаменита личност од македонската историја…

извор: ФБ Macedonia : a True Endless Story .