(ВИИДЕО)Минситерот од Хрватска речиси „ја залапа“ германката, додека Бујар Османи гледаше

0
283

Сакајќи да ја бакне во лицето, хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман ја бакна својата колешка од Германија во уста.

И двајцата присуствуваа на конференција за зајакнување и проширување на Европската Унија во Берлин, а Радман таму разговараше со германските министри за нивните реформски идеи за зајакнување на структурите на Европската Унија со цел да се подготват за натамошни проширувања.

Но, во еден момент кога Грлиќ Радман сакаше да ја бакне германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во лицето, таа неочекувано ја помести главата, па си доби бакнеж в уста.

Интересно е тоа што и нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи гледаше право во нив токму во моментот кога се одвиваше бакнувањето.

Во продолжение, уживајте во видеото:

&

 

 

plusinfo.mk