Не се чуствуваме безбедно- протест на Независниот синдикат на полицијата

0
180

Под итно да се промени Законот за полиција и Кривичниот Законик. Oва се барањата на Независниот синдикат на полиција кои денеска протестираа во Штип. Порачаа дека полициските службеници излегуваат на улица, оти не се чувствуваат безбедно. Меѓу барањата им се зголемување на овластувањето, а казните за напад на службено лице да се зголемат на минимум пет години.

Синдикатот на затворската полиција даде поддршка, од каде што порачаа дека голем број на затворски полицајци ја напуштаат професијата и заминуваат да работат во супермаркетите.

Вакви протести наредниот период ќе се организираат во Куманово и Струмица.

 

 

telma.mk