Денес (петок) во Македонија и понатаму ќе имаме натпросечно топло време со летни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. Сепак, времето ќе биде променливо облачно, а ќе дува и ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, кои во попладневните часови локално, особено во северните предели ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.
Во Скопскиот регион денес (петок) исто така ќе биде натпросечно топло со максимална дневна температура која ќе се искачи до околу 27, 28 степени. Сепак, и во делови од Скопскиот регион ќе има услови за повремен дожд, кој попладне би можел да биде пороен и проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, \стои во најновата анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.