Во денешната утринска емисија на Радио Лидер, Златев и Боцевски, зборуваа за извештајот од Европската комијсија, Зошто Ковачевски избега од амбасадорот Гир, но и за слободата на медиумите.
-Кој е тој што верува дека Владата направи прогрес во Европските интеграции? Клучното прашање за нив е со што ќе одат на избори? Со која агенда ве носиме во Европа ли? Еве … го имаме најлошиот извештај во историјата. Полоши сме од Украина која е во војна, полоши од Молдавија, истакна Љупчо Златев.
За судството ова беше очекувано. А во однос на медиуми немаме ништо подобро од претходно. Ја имаме истата оценка. најлошото ново од Груевски кога медиумите примаа нарачки, истата ја имаме и сега. Лошата оценка се темели и на тоа што еве Златев и Горан се под еден невиден судски прогон и имаме серизони обвиненија дека се злоупотребува системот за прислушкување, истакна Ивица Боцевски.
„Јас сум прислушкуван во последните 4 години.И ова го знам, го знам и датумот. Не знаете колкави докази во моја одбрана имам. Од типот документот кој сум го објавил не ни бил клсифициран… и покрај тоа обвинителството не се откажува. Габрил Бубевски не се откажува од случајот. Тој случај не се држи за некој мене да ме осуди, туку се држи за некој мене да ме прислушува. Еве пример, нив им е битно да знаат од каде јас пред нив го имам извештајот од Европската комисија. Епа одма да ви кажам никога тоа нема да го дознаете со прислушување. Да ги тргниме на страна и слобода на медиуми и прислушување, пазите ова: „Ми водат судски процес, знаете дека на луѓе на кои им се води ваков процес многу е тешко да добијат виза во западниот свет. Е јас добивам виза без проблем. Еве во понеделник одам во Англија и имам виза. Замислете и во апликацијата на визата напоменав и немав никаков проблем. Во среда ќе бидам во долниот дом на британскиот парламент да следам соочување помеѓу лидер на опозиција и премиер,пратенички прашања, а во Скопје со години не ми даваат акредитација да влезам во Владата. Член сум во ЗНМ и во интернационалната федерација на новинари. Главен урредник сум на радио за кое се плаќа фрекфенција на државата, истакна Златев.
Емисијата во целост може да ја проследите во продолжение.