Нашата територија се наоѓа под влијание на влажен воздушен бран од запад и токму овој влажен воздушен бран за време на овој викенд ќе условува повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат обилни (над 30 л/м2).
На планините над 2000 м.н.в повремено ќе има врнежи од снег. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, како и со силен ветер од јужен и од југозападен правец.
Во следните часови на повеќе места низ Македонија ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).
Во Скопје и околината исто така ќе има врнежи од дожд, проследени со повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Потоа од понеделник до четврток ќе имаме постабилно и релативно суво време, а нови обилни врнежи и поголемо заладување на времето барем според последно направените анализи ќе имаме во петок и за време на следниот викенд.
Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, а во Малешевијата и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.
Ако вака останат работите, како што неодамна споменавме, следниот викенд на Балканот пристигнува првиот поголем студен бран кој освен на планините и на повисоките места, првиот снег ќе го донесе и во пониските градови, како и превоите до 1200 м.н.в, како што се „Стража“ , најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски