(ВИДЕО) Евакуиран град во Исланд, поради страв од вулканска ерупција

Во Исланд од вчера е прогласена вонредна состојба. Ова стана неопходно по серијата земјотреси и стравувањата од ерупција на вулкан кој се наоѓа во близина на градот Гриндавик. Локалните власти веќе наредија негова евакуација.

Според исландската метеоролошка служба, ризикот од ерупција е значителен. Според научниците, тоа би можело да се случи во секое време во наредните денови.

Во последните недели тлото околу вулканот Фаг-радал-Свјал континуирано се тресе – регистрирани се повеќе од илјада земјотреси. Се отворија огромни пукнатини. Последната ерупција на овој вулкан беше во 2021 година.

извор:4news.mk