Петрушевски: Пресудата за искажан збор на говорница е преседан и еклатантно кршење на правото- пресудаат ќе ја доставам до меѓународните институции како пример за угушувањето на демократијата

-Многу преседани се случија во оваа држава во овие последни 7 години, ова е врвен преседан, истакна пратеникот Бране Петрушевски во своето гостување во емисијата Радио Лидер во врска со случајот каде тој како пратеник во Собранието е осуден за став искажан од собраниска говорница.

Тој посочи дека на ваков начин, со прекршување на правото, нема да биде замолчен, туку ќе ја алармира јавноста и меѓународните институции за еклатантното угушување на слободата и демократијата во Македонија.

– Јас тука нема да застанам, пред се не се работи тука лично за мене, се работи за принципи за угушување на слободата и демократијата во Македонија. Откако се крена јавноста за овој мој случај многу и од екпертската јавност застанаа на моја страна и тоа луѓе кои што апсолутно не ги ни познавам, ниту пак се дел од мојата политичка партија, туку луѓето реално излегоа со издржан коментар дека ова е преседан. Многу луѓе ми пишуваа и за проблемите кои ги имале низ правосудните органи во Република Македонија и мислам дека заради целокупната јавност ова приказна не смее да заврши вака. Јас ќе ја продолжам оваа работа, прво ќе го известам согласно Деловникот, претседателот на Собранието, Талат Џафери дека сум осуден без да ми биде одземен имунитетот и ќе барам негова реакција затоа што е задолжен да се грижи за дигнитетот и интегритетот и на Собранието и нам пратениците. Потоа подготвувам една сериозна претставка до Републичкиот судски совет каде ќе барам изрично разрешување на овој судија и тука жестоко ќе реагирам. Мислам дека ако сакаме да градиме сериозна држава и ако сакаме да ги исполниме стандардите на ЕУ кој ни доаѓаат преку извештаите, неопходно е да почне тој ветинг во судството и еве една шанса за судија кој без разлика дали покажал еклатанто незнаење на правото или подлегнал под политички притисок мора да биде разрешен. Пресудата исто така се преведува и ќе биде доставена до Европската Комисија, до сите меѓународни и домашни институции, и нема да дозволам на ваков начин да ме замолчат мене или било кој друг пратеник, заклучи Петрушевски.

 

извор: ВМРО ДПМНЕ