ЦУК: Да нема паника, ќе има противпожарен тест во кулите Џеваир сити

0
66

Регионалниот ЦУК – Скопје информира дека фирмата „Хаусмајстор груп“ известила за денешно тестирање противпожарна опрема во комплексот висококатници „Џеваир сити“ – во зграда А.

Тестирањето ќе се одвива во период од 11 до 12 часот.

– ЦУК известува за сервисна информација што би спречила можна локална паника. Тоа ќе биде тестирање на противпожарна опрема и нема да биде реална ситуација на територијата на општина Аеродром, се појаснува во соопштението.

извор: ЦУК