Српскиот милјардер Богољуб Кариќ на ФБ објави видео во кое неговата сопруга Миланка прави комат, банички и леб.
Сето ова е снимено во неговата кујна во вилата на Дедиње каде живее, а видеото го снимил затоа што добил нова фурна за печење, која како што вели била направена од неговиот пријател Накип во родното место на Кариќи, градот Пеќ на Косово.
На крај Богољуб, неговата сопруга и останатите присутни играат и се веселат на песната „Цело Врање“ која ја пее Благица Павловска, а која всушност е нејзина преработка на Српски јазик на песната „Цело Скопје“.