Ламбе денес полни 36 години

0
267

Нашиот познат пејач Ламбе Алабаковски е роден на денешен ден во 1987 година во село Љубојно. Тој покажал интерес за музиката уште како дете.

Станал познат откако победил на М2 продукција „Плеј – потрага по ѕвезди 2004″. Неговиот прв хит бил Спаси ме, компониран од страна на познатиот македонски композитор Дарко Димитров. Заедно со него биле откриени и новите М2 ѕвезди Елена Ристеска и Александра Пилева. Во 2005 тој ја снимил својата втора песна Каде песно моја, компонирана од Славе Димитров.

 

Во 2005 година тој заедно со Александра Пилева отпатувал во Брашов, Романија каде учествувал на фестивалот Golden Stag. Во октомври истата година учествувал на домашниот фестивал Макфест, каде ја промовирал неговата песна Ех, да можам.

Алабаковски се натпреваруваше на македонскиот избор на песна за Евровизија Скопје фест во 2007 годиа. Тој ја изведе песната „Бело е се“ која е напишана од Елена Ристеска, а компонирана од Роберт Билбилов. Исто така, Алабаковски се натпреваруваше на истиот фестивал во 2008 година со песната „Земјо моја“.

 

ekran.mk