Нов поголем бран на врнежи од запад ни доаѓа веќе утре попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон сабота. Но овој пат кога ќе се потиснат многу постудениот воздух од север и потоплиот од југ, ќе дојде до локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Со заладувањето врнежите од дожд на планините и на Скијачките центри ќе преминат во врнежи од снег, во сабота врнежите ќе бидат многу послаби и локални, а снежната граница ќе се спушти до околу 700 – 800 метри надморска височина, со што сосема слабо и локално провејување на снег ќе има и во повисоките градови, а ќе биде и многу ветровито, со засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час). Само утре ветерот ќе биде од јужен правец, и повторно со засилен интензитет, најавѕва метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Related Posts
Собранието го донесе законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија
Собранието денеска со 65 гласа „за“ го изгласа Законот за задолжување со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада,…
Силјановска Давкова: Се смени Уставот, документи и за надвор и за внатре, дури и шахтите ги сменивме, но Договорот од Преспа има две страни
Барам разбирање. Го имаме Преспанскиот договор. Се смени Уставот, сменивме документи и за надвор и за внатре, дури и шахтите…
DW: Од 1 јули фотоволтаиците влегуваат на голема врата – се најавуваат и субвенции од државата
Во екот на енергетската криза и енормниот раст на цените на струјата, се отвара патот за поголемо искористување насончевата енергија…