(In memoriam) Почина актерот Мето Јовановски

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски почина денес на 77.годишна возраст.

Тој беше роден на 17. јануари 1946 година, во с. Панчарево, Пехчевско. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.

 

 

Неговата актерска кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.

Актер кој остварил огромен број филмски улоги, а играл во над 60 филмови.

Едни од омилените улоги на Јовановски на македонската публика се оние од филмовите „Тетовирање“, „Среќна Нова 49“, „Пред дождот“, „Големата вода“, „До Балчак“ итн.Тука се и многубројни улоги во тв серии, пред се ТВ серијата „Опстанок“.