(ВИДЕО) Ердоган бил „нападнат“ од пчела додека држел  говор за израелско-палестинскиот конфликт во турскиот парламент

0
160

Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган бил „нападнат“ од пчела додека држел  говор за израелско-палестинскиот конфликт во турскиот парламент.

Пчелата всушност слетала на грбот на турскиот претседател, a неговиот телохранител го забележал тоа и веднаш му пришол на Ердоган, отстранувајќи ја пчелата од неговиот грб. Потоа ја фрлил на подот и ја згазил.

За тоа време Ердоган со ниту еден гест не покажа дека е свесен што се случува зад него.