(ВИДЕО) Нови инциденти во албанскиот парламент: пратениците активираа димни бомби

0
200

Буџетот за 2024 година беше усвоен во парламентот на Албанија, но седницата ја нарушија пратениците од опозицијата кои поставија димни бомби, пренесува ABC News.

Веднаш штом започна седницата, пратениците од опозицијата направија барикади од столчињата, а потоа активираа димни бомби.

Опозициските пратеници се обиделе да го блокираат подот со столчиња, но обезбедувањето ги спречило, по што опозиционерите Газмент Барда и Рамадан Лика се судриле со обезбедувањето.

Седницата траеше околу 5 минути, а буџетот беше начелно изгласан, бидејќи немаше расправа, бидејќи Собранието беше во чад, а во еден момент избувна и мал пожар.

На оваа седница присуствуваше и премиерот на Албанија, Еди Рама, но набрзо ја напушти.