Нов успех на Македонката, со охридско потекло по мајка-Барбара Поповиќ, ќерка на актуелната директорка на фестивалот Охридко лето – Наташа Поповоќ. Поповиќ синоќа настапи во IDJ Show во Србија како една од 12 те финалисти. Имено ова шоу започна во месец мај, а нашата Барбара веќе еден месец е таму . Во шоуто досега настапиле околу 3000 кандидати. Сега кога ова шоу доаѓа до самиот крај повеќе од очигледно е дека Барбара е една од најдобрите помеѓу натпреварувачите. На шоуто синоќа Поповиќ ја изведе познатата „Зајди, зајди јасно сонце“.
Барбара е дипломиран оперски пејач, свири на пијано. Заврши факултет соло пеење со просек 9. Има освоено многу награди низ Балканов и надвор низ Европа. Ќе настапи на Сан Ремо во 2025.
Барбара сега има 23 години, а како тинејџерка ја претставуваше Македонија на детската песна на евровизија.
Барбара својата музичка кариера ја започнала од 6 години. На возраст од 6 до 10 години учествува на реномираниот детски фестивал Супер Ѕвезда со песната „Бонџорно“ напишана од Калиопи и со други песни.На овој фестивал продолжила да настапува до 10 годишна возраст, со други песни напишани од Јован Јованов, Дарко Димитров и Драган Мијалковски.
Од шест годишна возраст го изучувала пијаното во музичкото училиште „Илија Николовски Луј“.
По кратка пауза, се вратила на сцената на Макфест 2018, настапувајќи со песната “Не си ти крив”.
Барбара има добиено повеќе наград и признанија, апсолвент е на соло оперско пеење и има договор со белградската телевизија IDJTV, а соработува и со Дарко Димитров.
Поврзани вести: (ВИДЕО) Барбара Поповиќ која има охридско потекло не изненади со нова пасна и веќе добива симпатиите од публиката