Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката, известуваат од МВР.
Related Posts
Во петок на протест излегуваат вработените од Царинската управа, бараат покачување на платите
Во петок од 12 часот во Царинската управа ќе протестираат вработените во Царина, најавија од Сојузот на синдикати на Македонија,…
Помор на риби во Кумановско – вонреден инспекциски надзор на Инспекторатот за животна средина
Државниот инспекторат за животна средина и денеска го продолжува вонредниот инспекциски надзор на две локации во кумановскиот регион, информираа денеска…
Почна враќањето на оградата околу Владата
Денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно остранетата ограда на Владата. Таа беше репарирана изминатите денови, поради…