Ангелов за албанското знаме на Шапка: Ова е намерна провокација

0
123

Ова, како многупати претходно, е намерна провокација и подгревање на меѓуетничката нетрпеливост, напиша Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, откако навивачи на Шкендија го кренаа албанското знаме спроти крстот на Попова Шапка, до македонското знаме.

Ангелов апелираше до граѓаните да не наседнуваат на ваквите провокации, а МВР веднаш да ги идентификува сторителите и да поднесе соодветни пријави.