(ВИДЕО) Претставен новиот електричен пик-ап Cybertrack од страна на Елон Маск

Милијардерот Илон Маск официјално го претстави Cybertruck, електричен пик-ап со футуристички дизајн од неговата компанија Tesla, за кој веќе се пристигнати милион нарачки.

Со гласна музика и возбудена публика, милијардерот пристигна како рок ѕвезда во кожна јакна зад воланот на неговиот Cybertruck во седиштето на Tesla во градот Остин во Тексас.

„Мислам дека ова е нашиот најдобар производ“, рече Маск, фалејќи се:

„Иднината конечно ќе изгледа како иднината“.

“Cybertruck е мешавина од моделот од филмот „Blade Runner“ (1982) и моделот на „Wet Nellie“, водоземецот што се гледа во „The Spy Who Loved Me“, рече Маск.

„Подобро е од пик-ап и подобро од спортски автомобил, се е во едно“, опиша сопственикот, не штедејќи ги пофали перформансите на неговото возило.

Маск за промоцијата подготви голем спектакл: пукање со митралез на врата на возило кој не остави дупки, трка со Порше 911 (во која победи), влечење градежна машина или ракетен реактор.

Сепак, пазарот на електрични пик-ап возила е веќе конкурентен и возилото на Маск ќе се натпреварува со модели од конструктори како Rivain, General Motors или Ford.

Пред нешто повеќе од 18 месеци, Ford го претстави F-150 Lightning, електрична верзија на своето најпродавано возило во САД.

Американскиот пазар високо ги цени пик-ап возилата и конструкторите жнеат најголеми маржи на него.

https://twitter.com/i/status/1730893082252484795

vecer.press.mk