Апасиев реизбран за претседател на „Левица“

Левица вчера го одржа вториот редовен Пленум на партијата. Делегатите на Пленумот ги усвоија Статутарните одлуки, а на оваа сесија на Централниот комитет беше реизбран досегашниот состав на Президиумот.
Президиумот на Левица, едногласно го реизбра Димитар Апасиев за старо-нов претседател на партијата, кој ја назначи Јована Мојсоска за генерален секретар на Левица.
Никој нема право да ви наметнува уставни измени, поткусурува со вашите идентитетски вредности, ниту пак да ви наметнува историски наративи за сметка на интеграцискиот процес во Европската унија. Ова беа само дел од пораките кои ги испратија европратениците Клер Дејли и Мик Волас, кои се гости на Левица.
plusinfo.mk