Палевски не е во Бугарија, соопшти бугаркото МВР

0
137

Љупчо Палевски – Палчо осомничениот организатор и извршител на двојното убиство, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 73-годишниот велешанец Панче Жежовски, не е во Бугарија, соопшти за „Слободен печат“ денеска бугарското Министерство за внатрешни работи.

Информацијата дека Палевски е во Бугарија, ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференцијата заедно со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

Спасовски нагласи дека осомничениот Палевски по убиството на Вања, со автомобил заедно со својот адвокат тргнал до Белград, од каде следниот ден заминал во Бугарија.

-Нема информации дека по ова лице се трага во Бугарија или дека се бара со меѓународна потерница. Во моментов нема информации дека се наоѓа на бугарска територија, соопшти бугарското МВР за „Слободен печат“.

Министерот Спасовски истакна дека МВР ќе стори се за да го пронајде и изведе пред лицето на правдата, како што рече, „монструм“.

-Можам да ветам дека ќе сторам се, и јас и институцијата ова лице или ако сакате подобро овој монструм, на кјој му ја следиме трагата час поскоро, штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата.

На страницата на Интерпол до овој момент се уште не е издадена меѓународна црвена потерница по Љупчо Палевски, како барано лице за двојно убиство во Македонија.

 

slobodenpecat.mk