Во турскиот град Баликесир е уапсен Љупчо Палевски Палчо

0
266

Љупчо Палевски – Палчо, креатор, планер, главeн координатор и директен извршител на грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, е лишен од слобода во Турција, кажа вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Палевски се криел во турскиот град Баликесир и таму е лишен од слобода од турската полиција.

Зборувајќи на вонредна прес-конференција, Спасовски рече е изготвена на 100 страници кривичната пријава против пет лица за грабнувањето и убиството на Ѓорчевска и 74-годишниот Павле Жежовски.

– Вчера неговиот адвокат го однел во Србија, таму е оставен во еден хотел, оттаму наредниот ден го презема друго лице од Скопје со џип ренџ ровер и преку граничниот премин Градина влегува во Бугарија има транспорт низ територијата на Бугарија и влегува во Турција. Таму оди во градот Баликесир и нашите служби од секторот за меѓународна полициска соработка стапуваат во контакт директно со власти и и полицијата и со еден нивен оперативен извор кој што за кратко време врати повратна информација, дека лицето е во тој град и ни кажа за неговите намери. Оттука сакал да замине во Истанбул, се подготвува и со такси возач оди во Истанбул и тука е симулирањето негово и се враќа назад во Беликесир и денеска попладнево од страна на турската полиција е уапсен додека се движел пешки по улица во Баликесир. – објасни Спасовски.

Спасовски ги покажа и фотографиите од приведениот Палевски фотографирани од турската полиција. Рече дека ќе започне веднаш со процесот на екстрадиција.

Министерот одговарајќи на новинарско прашање кажа дека во околината на Скопје најдени се два пиштоли кои се поврзуваат со убиството на Вања Ѓорчевска.

– Тие се дел од истрагата. Дополнително ќе бидете информирани за се- рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали е пронајдено оружјето.