Таа група, според моите неофицијални информации, имала поголеми планови. Постоеле списоци за ликвидации, за изнуди. Списоци за заплашување, за киднапирања, вели професорката на Факултетот за безбедност, Фросина Ташевска Ременски, во разговор за Гласот на Америка
Да се прошири истрагата за групата на Љупчо Палевски, зашто нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало многу порано да се реагира. Така смета универзитетската професорка од Факултетот за безбедност, Фросина Ташевска Ременски во разговор за Гласот на Америка.
„Таа група, според моите неофицијални информации, имала многу поголеми планови. Постоеле списоци за ликвидации. Постоеле списоци за изнуди. Постоеле списоци за заплашување, списоци за киднапирања, што значи дека ова е предизвик за истражните органи. Предизвик за полицијата, за безбедносните служби. Да ги осуетат плановите и да ги претстават во јавноста и тоа да им биде дополнителна одговорност во целиот овој случај“.
Видеото може да го погледнете на овој линк…