(ВИДЕО) Екс началникот на српската полиција за случајот Вања: Јас да сум премиер веднаш би го разрешил Спасовски

0
218

Поранешниот началник на српската полиција, Жарко Поповиќ, зборувајќи за случајот со убиството на Вања, истакна дека се направени огромен број пропусти во истрагата.

Поповиќ порача дека целиот случај се води на крајно непрофесионален начин и за тоа треба да се бара одговорност од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Поповиќ изјави дека, гледано како професионалец, имало многу нелогичности и објавување избрзани заклучоци, коишто потоа се покажале непроверени, па дури и неточни.

Како пример, Поповоќ наведува дека Спасовски веднаш изјави дека станува збор за киднапирање со цел барање за пари, но всушност немало никакво барање откуп, туку девојчето било киднапирано, однесено во шума и веднаш убиено.

Тој истакнува дека во случајот и кривичното дело недостасуваат главни елементи.

Немаме мотив, немаме средство на извршување на делото, нема извештај од судска медицина, дали имало сексуални активности, дали девојката била мачена пред да биде убиена. Тоа се може да се провери. Ништо од тоа го немаме, само дека е убиена со огнено оружје. Извештаите се прилично штури и тогаш тоа создава дополнителен сомнеж во јавноста.

Јас да сум претседател на владата на Македонија, овој министер за внатрешни работи би го сменил за две минути, тој не смее така да се однесува. Тој не смее да дава никакви изјави, тоа не е негова работа. Тука е надлежен државниот обвинител, затоа што тој е надлежен. Тој го држи предметот и тој треба да дава објаснувања, затоа што тој морал, заедно со полицијата да ги сослуѓа осомничените, тој ги сослушува во службени простории, тој присуствува на разговорите заедно со полицајците и со бранителите на тие што се уапсени. Веќе тука има доста процедурални грешки и нелогичности, анализира Поповиќ.

извор: Република