Пет лица повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

0
207

Сообраќајна несреќа во која има повредени лица попладнево се случила на експресниот пат Штип – Радовиш.

Според првичните информации со кои распола полицијата во несреќата повредени се пет лица, а учествувале две патнички возила.

Повредените лица се пренесени за укажување на лекарска помош, а првично тие имаат полесни повреди.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.