Чистење на опожарена дрвна маса од страна на ЈП Национални шуми

Во ШСЕ Козјак со која стопанисува ПШС Куманово – Куманово, во м.в. Жегљане, во општина Старо Нагоричане, се врши чистење на опожарена површина во борови култури од шумски пожари кои се случиле минатата година во месец август.
Опожарената дрвна маса се утовара на камиони со грајфер и се носи до правното лице, заинтересирано за опожарената дрвна маса, согласно склучениот купопродажен договор, информираат од ЈП Национални шуми.