МВР: СВР Скопје го расчисти инцидентот во врска со споделено видео по портали за маж кој наводно агресивно се однесувал кон случајни минувачи – двајца познаници се скарале, па се смириле

0
147

МВР ги демантира дезинформациите во врска со денешна објава на портали и социјални мрежи проследена со видео запис според која машко лице агресивно се однесува наводно кон случајни минувачи без повод и причина и тепа луѓе по улиците на Скопје. Од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба преземени се оперативни мерки и случајот е расчистен, а лицето е пронајдено и со него е извршен службен разговор. Имено, станува збор за Љ.С.(57) од Скопје, со престојувалиште во скопско село, кој појаснил дека инцидентот кој го направил, односно на кој е снимен и објавен на портали и социјални мрежи бил насочен исклучиво кон неговиот познаник А.Д.(51), од скопско, со кого имаат нарушени пријателски односи, при што немал намера да го нападне, туку само го турнал и влечел. Исто така, извршен е разговор и со А.Д., кој го потврдил исказот на познаникот и изјавил дека малку подоцна меѓусебниот проблем го надминале и се смириле.

Од страна на Полициска станица Гази Баба против Љ.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МВР уште еднаш со апел кон порталите да не шират дезинформации, а кон граѓаните сите случаи на нарушување на јавниот ред и мир и сомненија за криминогено однесување да го пријават во полициска станица.

извор: МВР