Следува период на суво време неделава а од четврток нови врнежи од снег

Денот недела во Македонија ни носи краткотрајна промена на времето, кога во попладневните и во вечерните часови во западните предели ќе има појава на локален дожд, а на планинските места и на Скијачките центри тие ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат претежно со слаб, или со слаб до умерен интензитет.

Потоа од понеделник до среда ќе имаме претежно стабилно и суво време. Односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и малку потопло преку ден со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени. Наутро пак тие и понатаму на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, и во интервалот од -4 до 1 степен.

Нов влажен воздушен бран од запад и од северозапад територијата на Македонија ќе ја зафати во четврток попладне и навечер и истиот ќе услови поинтензивни врнежи од дожд, како и поинтензивни врнежи од снег на планините и на Скијачките центри.

Во Скопје и околината времето ќе биде слично како и во останатите предели од Македонија, пишува во најновата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.