СДК: На собраниска седница закажана за 22 декември,ставена е точка за расправа по Иницијатива на предлагач Љупчо Палевски – ја доставил 12 дена пред убиството

На собраниската седница број 135 закажана за 22 декември, ставена е точка за расправа по Иницијатива на овластениот предлагач Љупчо Палевски, за референдум за Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија потпишан во 2017 година, објави СДК.МК.

Осомничениот за грабнување и убиство на деветтооделенката Вања Ѓорчевска, како и претходно на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, иницијативата до Собранието ја поднел 12 дена пред убиството. Датумот на приемот на Предлогот за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво е 15 ноември, а свирепото убиство на девојчето е на 27 ноември во 10 часот. Жежовски беше убиен на 22 ноември.

 

Текстот во целост на: СДК.МК